Комунални претпријатија – билинг систем
VERP-BS модулот е наменет за комуналните претпријатија со цел да ги олесни процедурите за фактурирање, генерирање и наплата на сметки. Овој модел се состои од три основни компоненти:
- Ажурирање на основни податоци кои се внесуваат еднаш и се користат како такви се додека не се јави потреба од нивна промена и се потребни за генерирањето на сметките, а се однесуваат на:
- Комитенти – се дефинираат физички и правни лица,
- Евидентирање на улици каде што се монтирани водомерите – броилата,
- Евидентирање на инкасатори,
- Тип на отчитување – се дефинира тип на отчитување како на пр. паушално по претходен месец, паушално со фиксен износ, нормално отчитување и сл. и служи за да се знае според каков тип на отчитување се задолжени сметките,
- Статус на броило –активно или пасивно. За пасивно броило не се генерираат сметки,
- Евидентирање на наплатни места,
- Евидентирање на реони и нивно поврзување со инкасатори,
- Дефинирање на цените на услугите за вода, канализација, водоводна мрежа, јавна чистота, смет и сл. за секој реон посебно.
- Дефинирање на конта за книжење за секој тип на услуга: канализација, ѓубретарина, јавна чистота, одржување, користење на погребални услуги и сл.
- Евидентирање на водомери по сериски број и нивно поврзување со улицата и реонот каде што е наместен, како и со сопственикот на водомерот и корисникот на водомерот.
- Можност за избор која услуга да се наплатува, а која да не се наплатува,.
- Внесување на месечни состојби – се задолжуваат броилата со состојби. Задолжувањето може да биде со: внесување на реалната отчитана состојба од инкасаторите, паушално или по разликата од претходниот месец.
- Менаџирање со сметки– дел што опфаќа:
- Генерирање на сметки по месеци, со можност за избор: сите сметки или сметки за избран реон. Генерирање на сметки значи автоматско задолжување на корисникот на услугите на комуналното претпријатие, како и автоматско книжење во финансиски налог на конта кои претходно се дефинирани за секоја услуга посебно. Ваквото задолжување на корисникот, може автоматски да се раздолжи преку наплата за која е издадена фискална сметка, каде по автоматизам се раздолжува корисникот, а се задолжува касата на конто кое е претходно дефинирано. По автоматизам е можно и раздолжување на корисникот со автоматско раскнижување на банков електронски извод,
- Печатење на сметки – печатење на генерирани сметки за месец по реони, по шифра на корисник, по шифра на броило, посебно за правни, посебно за физички лица. Секоја печатена сметка има број кој е прикажан и како бар-код. На печатената сметка се прикажува и бројот на неплатени сметки, заостанатиот долг како и камата за неплатениот долг. Изгледот и содржината на печатената сметка се дефинира според барањето на комуналното претпријатие;
- Наплата на сметки – наменет за наплатни центри каде се врши наплата на сметките со можност за издавање на фискална сметка;
- Сторнирање на наплата на сметка;
- Корекција на сметка;
- Отчитување на инкасатори – наплата на сметки за повеќе корисници истовремено со мануелно внесување на бројот на сметката и износот на сметката или преку отчитување на бар-код на сметките кој се генерира при секое генерирање на нови сметки. Овој дел за внесување на наплатени сметки е корисен за внесување на наплатени, а не прокнижени сметки;
- Пресметка на камата за заостанат долг,
- Отпис на камата по сметки по основ на пресуда или одлука,
- Отпис на долг од сметки по основ на пресуда или одлука,
- Генерирање и печатење на тужби и опомени пред тужби – поради проблемот на наплата со која се соочуваат комуналните претпријатија и запазување на рокот да сметката не добие статус на застарена сметка, а со цел да може да се направи наплата, овозможено е да можат да се пребаруваат неплатени сметки и за нив да се генерираат и печатат опомени пред тужба и тужби. Секоја неплатена сметка може да има повеќе статуси како неплатена сметка, застарена сметка, отпишана сметка, опомена пред тужба, тужена, дадена на извршител и сл.
- Преглед на ненаплатени сметки за даден период – период кој комуналното претпријатие само го дефинира со цел да се запази сметките да не добијат статус на застарени сметки;
- Припрема на печатење на опомени пред тужба – припрема и печатење на опомени пред тужба за ненаплатени сметки со што сметката ќе добие статус на неплатена сметка за која е генерирана опомена пред тужба;
- Припрема на печатење на тужби – припрема и печатење на тужби за ненаплатени сметки, со што сметката добива статус на тужена сметка.
- Сметката може да добие и статус наплата од извршител, доколку истата е наплатена преку извршител.
- Аналитички извештаи за потрошувачката и наплатата на сметки.
- Картица за комитенти – прикажува податоци за корисникот на броилото како состојба на броило, рок на плаќање, датум на наплата, пресметана камата, износ на сметка/и, датум кога е платена сметката, колку има за доплата, тужени сметки, сметки кои се дадени на извршител;
- Аналитика / Синтетика – менаџерски извештај по датум на документ од датум до датум со приказ на аналитичка и синтетичка состојба на сметките;
- Картица за комитенти – Броила состојби – прикажува податоци за стара и нова состојба на броилата, како и разлика помеѓу старата и новата состојба;
- Издадени / Наплатени сметки по реони – преглед и печатење на издадени сметки, наплатени сметки, ненаплатени сметки, процент на наплата од месец до месец;
- Картица на корисник – преглед и печатење на целосна картица за корисникот на услугите од комуналното претпријатие. Се прикажуваат сите „настани“ кои се поврзани со корисникот.
- Препис на сметка – печатење на препис на сметка;
- Картица на ненаплатени сметки – преглед и печатење на ненаплатени сметки од датум до датум, збирно или по реони;
- Спецификација на наплата за ден – преглед и печатење на спецификација за наплата на ден;
- Наплата на сметки од корисници – преглед и печатење на спецификација за наплата по наплатувач – инкасатор;
- Картица – наплата на сметки – следење на наплата, и споредба на фактуриран износ – наплата – заостанат долг.
- Изработени сметки по реони – извештај за изработени сметки за реони по месеци посебно за правни и физички лица или збирен извештај со приказ на податоци за потрошена вода, фонд за води, канализација, смет одржување, други дополнителни услуги, камата, ддв, вкупен износ;
- Изработени сметки за месец – извештај за изработени сметки за правни и физички лица или збирен извештај со приказ на податоци за потрошена вода, фонд за води, канализација, смет одржување, други дополнителни услуги, камата, ддв, вкупен износ;
- Картица за комитенти – податоци – преглед и печатење на активни и пасивни корисници на услугите од комуналното претпријатие.
Овој модул може да се интегрира со останатите модули за финансиско- материјално работење, за да се овозможи Интегриран Информационен Систем. Се добива во пакет со инсталација и обука за корисниците и може да се користи на еден или повеќе компјутери поврзани во мрежа, со можност за дефинирање на кориснички права за пристап на корисниците до одредени менија.
Што содржи пакетот може да погледнете тука Види повеќе