Petar Pop Arsov no.16 7500 Prilep
+389 75 444 010 ; +389 48 403 503
vertexbroadcastsolution@gmail.com

Ветеринарни клиники

Ветеринарни клиники


VERP-VK – модул наменет за ветеринарни клиники кои имаат потреба од материјална и финансиска евиденција на купени лекови, нивно распоредување по ветеринари, евиденција на извршени ветеринарски услуги, прегледи, операции, посети, вакцинации, осеменувања, употребени ушни маркици и сл. Во овој модул е опфатено:

 

        • Ветеринарен дневник – дневна евиденција за извршените интервенции на ветеринарите;
        • Материјална евиденција на набавени лекови и нивна распределба по ветеринари;
        • Набавка и распределба на лекови во две единични мери;
        • Преглед на влез и излез на лекови по магацини и ветеринари;
        • Материјални картици;
        • За секој ветеринар се води евиденција со колку лекови е задолжен, колкава количина потрошил, каде ја потрошил, во кое одгледувалиште, кај кој одгледувач и на кои животни, уште колку лекови има кај него на залиха и колку потрошил за одреден период;
        • Лековите бидејќи се во милилитри повеќето не се трошат во една употреба туку можно е да остани уште некој милилитар кој ќе треба да се употреби до рокот на траење. Доколку истиот не се употреби до зададениот рок, ќе се враќа назад од ветеринарите во главниот магацин од главниот магацин ќе се расходуваат или отпишуваат;
        • Дневник за вештачко осеменување – евиденција на кој сточар и на кое животно е употребено семе. Семињата се во единица мерка парче и едно семе можи да се употреби на едно животно;
        • Евиденција на ушни маркици – Задолжување на секој ветеринар со ушни маркици и извештај кај кој одгледувач и на кое животно се наместиле ушните маркици;
        • Наплата на услуги – нивно автоматско евидентирање во главна книга;
        • Поврзување и преземање на податоци и промени за одгледувалишта, РБО, одгледувачите по РБО и општините по РБО од ВИС базата на податоци;

VERP-VK модулот може да се интегрира со останатите модули за финансиско- материјално работење, за да се овозможи Интегриран Информационен Систем. Се добива во пакет со инсталација и обука за корисниците и може да се користи на еден или повеќе компјутери поврзани во мрежа, со можност за дефинирање на кориснички права за пристап на корисниците до одредени менија.