Petar Pop Arsov no.16 7500 Prilep
+389 75 444 010 ; +389 48 403 503
vertexbroadcastsolution@gmail.com

е-Фактура

е-Фактура

Од 1 јануари 2026 година, УЈП започна пилот-фаза на електронско фактурирање. До 1 октомври 2026, сите ДДВ-обврзници мораат да издаваат фактури по новиот стандард, UBL 2.1. Дигитален потпис и интеграцијата со УЈП мора да ги имате пред 1 октомври.

Нашето софтверско решение е целосно усогласено со најновите законски измени и технички барања пропишани од Управата за јавни приходи (УЈП) за електронско издавање и фискализација на фактурите.

Обврската се однесува на сите ДДВ-обврзници. Тоа значи фирми со годишен промет над 2.000.000 денари (околу 32.000 евра). Според податоците на УЈП, станува збор за помеѓу 50.000 и 70.000 субјекти.

Тип на бизнисЗасегнат
ДДВ-обврзникДа, задолжително
Фирма под прагот од 1 милион денариНе, но може доброволно
Физичко лице кое издава фактуриСамо ако е ДДВ-обврзник
Странска фирма со ПИБ во РСМДа

Во системот ќе можат да се разменуваат различни видови документи:

  • Исправки на фактури
  • Излезни фактури
  • Влезни фактури
  • Кредитни белешки
  • Авансни фактури

Што вклучува надоградбата во нашето софтверско решение?

Новата надградба ги вклучува сите потребни измени и подобрувања за:

  • усогласување со најновите барања на УЈП;
  • правилно електронско потпишување и испраќање на фактурите;
  • сигурна и стабилна комуникација со системите на УЈП;
  • подобрувања во работата и оптимизација на перформансите на програмот.

Официјално овластено решение

Нашата компанија е локално задолжена и овластена од УЈП за обезбедување на решението за електронско потпишување и испраќање на фактури, со што им овозможуваме на корисниците целосна усогласеност со законските обврски.

Креирањето на фактурите во програмата останува непроменето, се што Ви е потребно е да имате квалификуван дигитален сертификат за да се обезбеди автентичност и интегритет на документите.

Покрај десктоп програмот, на располагање ви е и нашата веб-платформа (e-fakturi.mk/e-fakturi), преку која можете да издавате електронски фактури од кој било уред со интернет пристап – без разлика дали сте во канцеларија, дома или на терен.

Фактурите издадени преку веб-платформата, се потпишуваат електронски и се обработуваат согласно барањата на УЈП, исто како и фактурите издадени преку програмот.

Ова претставува практично решение во ситуации кога:

  • немате пристап до компјутерот на кој е инсталиран програмот;
  • работите од друга локација;
  • сакате брзо да издадете фактура преку интернет.

Препорака

Препорачуваме сите корисници да ја инсталираат новата верзија што е можно поскоро, со цел непречено работење и целосна усогласеност со актуелните барања на УЈП.

Доколку ви е потребна помош при ажурирањето или имате дополнителни прашања, нашиот тим за техничка поддршка ви стои на располагање.

Ви благодариме за довербата.