е-Фактура
Од 1 јануари 2026 година, УЈП започна пилот-фаза на електронско фактурирање. До 1 октомври 2026, сите ДДВ-обврзници мораат да издаваат фактури по новиот стандард, UBL 2.1. Дигитален потпис и интеграцијата со УЈП мора да ги имате пред 1 октомври.
Нашето софтверско решение е целосно усогласено со најновите законски измени и технички барања пропишани од Управата за јавни приходи (УЈП) за електронско издавање и фискализација на фактурите.
Обврската се однесува на сите ДДВ-обврзници. Тоа значи фирми со годишен промет над 2.000.000 денари (околу 32.000 евра). Според податоците на УЈП, станува збор за помеѓу 50.000 и 70.000 субјекти.
| Тип на бизнис | Засегнат |
|---|---|
| ДДВ-обврзник | Да, задолжително |
| Фирма под прагот од 1 милион денари | Не, но може доброволно |
| Физичко лице кое издава фактури | Само ако е ДДВ-обврзник |
| Странска фирма со ПИБ во РСМ | Да |
Во системот ќе можат да се разменуваат различни видови документи:
- Исправки на фактури
- Излезни фактури
- Влезни фактури
- Кредитни белешки
- Авансни фактури
Што вклучува надоградбата во нашето софтверско решение?
Новата надградба ги вклучува сите потребни измени и подобрувања за:
- усогласување со најновите барања на УЈП;
- правилно електронско потпишување и испраќање на фактурите;
- сигурна и стабилна комуникација со системите на УЈП;
- подобрувања во работата и оптимизација на перформансите на програмот.
Официјално овластено решение
Нашата компанија е локално задолжена и овластена од УЈП за обезбедување на решението за електронско потпишување и испраќање на фактури, со што им овозможуваме на корисниците целосна усогласеност со законските обврски.
Креирањето на фактурите во програмата останува непроменето, се што Ви е потребно е да имате квалификуван дигитален сертификат за да се обезбеди автентичност и интегритет на документите.
Покрај десктоп програмот, на располагање ви е и нашата веб-платформа (e-fakturi.mk/e-fakturi), преку која можете да издавате електронски фактури од кој било уред со интернет пристап – без разлика дали сте во канцеларија, дома или на терен.
Фактурите издадени преку веб-платформата, се потпишуваат електронски и се обработуваат согласно барањата на УЈП, исто како и фактурите издадени преку програмот.
Ова претставува практично решение во ситуации кога:
- немате пристап до компјутерот на кој е инсталиран програмот;
- работите од друга локација;
- сакате брзо да издадете фактура преку интернет.
Препорака
Препорачуваме сите корисници да ја инсталираат новата верзија што е можно поскоро, со цел непречено работење и целосна усогласеност со актуелните барања на УЈП.
Доколку ви е потребна помош при ажурирањето или имате дополнителни прашања, нашиот тим за техничка поддршка ви стои на располагање.
Ви благодариме за довербата.