Финансиско работење – професионален и најдобар избор за водење на книговодство/а
VERP-FR e модул кој е наменет за евиденција на сите финансиски трансакции по хронологија во согласност со прописите и овозможува автоматско книжење на сите влезни и излезни документи во претходно дефинирани финансиски налози со што се овозможува заштеда на Вашето време и максимално влијае врз зголемувањето на вашата професионалонст и ефикасност, овозможувајќи максимална прегледност, точност, прецизност на податоците, како и едноставност при користење на истиот, автоматско архивирање на податоците и пренос на истите од една во друга деловна година.
Модулот, покрај автоматско книжење на документите, овозможува и мануелно книжење и корекција на претходно книжени ставки, како и пренос на книжени ставки од еден во друг финансиски налог.
Покрај автоматско и мануелно книжење на сите документи кои се внесуваат во системот, нуди и автоматско креирање, печатење и книжење на компензации, цесии и асигнации, автоматско книжење на изводи и благајни, креирање на теркови за книжење на разни трошковни фактури, како и поврзување со сите модули на VERP софтверскиот пакет со цел да се овозможи Информационен Интегриран Систем.
Како составен дел на модулот за финансиско работење влегува и делот за автоматско затворање на класи и автоматско креирање на сите обрасци потребни за изработка на завршни сметки и спецификација за изработка на ДДВ пријави.
Накратко, овој професионален пакет за финансиско сметководство опфаќа:
- Креирање и печатење на финансиски книговодствени налози,
- Преглед и печатење на финансиски картици (аналитички и синтетички), по различни критериуми (по датум на документ, по датум на налог, со кумулатив, без кумулатив, комбинирана финансиска картица),
- Преглед и печатење на ИОС картица
- Преглед и печатење на Бруто биланс,
- Преглед и печатење на Заклучен лист,
- Преглед и печатење на Спецификација на конто,
- Преглед и печатење на Спецификација на ДДВ,
- Преглед и печатење на Компензации,
- Преглед и печатење на Цесија,
- Преглед и печатење на Асигнација,
- Преглед и печатење на Конфирмации,
- Преглед и печатење на Факторинг,
- Електронски изводи – автоматско книжење на изводи,
- Преглед и печатење на ненаплатени влезни фактури,
- Преглед и печатење на ненаплатени излезни фактури,
- Преглед и печатење на Извештај за побарувања и обврски од комитенти,
- Преглед и печатење на благајнички дневник
Овој модул може да се искористи во процесот на план и анализа на фирмата која го користи.
Се добива во пакет со инсталација и обука за корисниците. Може да се користи на еден или повеќе компјутери поврзани во мрежа, со можност за дефинирање на кориснички права за пристап на корисниците до одредени менија.
VERP-FR модулот е скалабилен во однос на големината на фирмата, што значи дека може да го користат мали фирми, но и фирми со сложена хиерархиска и систематизациона структура.
Што содржи пакетот може да погледнете тука Види повеќе