Petar Pop Arsov no.16 7500 Prilep
+389 75 444 010 ; +389 48 403 503
vertexbroadcastsolution@gmail.com

Производство

Производство, нормирање и креирање на работни налози


VERP-NP модулот е достапен во три основни пакети и тоа:

  • VERP Basic
  • VERP Standard
  • VERP Advance
  • VERP Professional и
  • VERP Extra –конфигурации со кои можат да се надополнуваат сите пакети.

Наменет за следење и менаџирање со производствени процеси почнувајќи од планирање на производството, евиденција на производствените процеси, па се до анализа на резултатите и е флексибилен и лесно прилагодлив спрема потребите на фирмата.

Сите трошоци кои се прават во работењето, се прават со цел да се добијат нови производи или услуги. Според тоа производните трошоци не се ништо друго освен трошоци на материјали, труд и други услуги, неопходни за добивање на готовиот производ. Значи, секој еден производ во себе ќе апсорбира одредени трошоци, настанати при неговото добивање. За успешно менаџирање на процесот на производство, неопходно е постоење на аналитичка евиденција, која ќе дава информација за тоа колку трошоци настанале, каде настанале, односно на кои производи се однесуваат. Со овој модул се овозможува калкулација на сите трошоци во процесот на производство, добивање на точна и реална производствена цена и можност за генерирање на извештаи за планирано – остварено.

VERP-NP модулот опфаќа:

  • дефинирање на производствен процес – отворање на работен налог;
  • дефинирање на нормативи;
  • креирање на требувања, приемници,повратници;
  • внесување на дополнителни трошоци кои ја оптоваруваат производната цена;
  • преработка, доработка, на вратени производи назад во производствен процес;
  • затворање на работни налози со можност за докнижување на отстапувањето од просечните или планските цени;
  • внесување на работни операции и нормирање на истите, врз основа на кои може да се пресмета и вкупната ефикасност на остварување на работникот по норма, со можност за дефинирање на работна листа според која може да се направи пресметка на плата на работникот според остварената норма;
  • одредување на дневна норма на операција;
  • секојдневно следење на остварување на нормата по вработен;
  • извештај за прием на репроматеријали;
  • извештај за прием на готови производи.

Овој модул може да се поврзи со модулот за пресметка на плати, каде платата на работникот може да се пресмета според остварената норма на работната операција на која работи.

VERP-NP модулот е поврзан со модулот за магацинско и материјално работење, како и со модулот за финансиско работење. Сите документи кои се креираат во овој модул имаат автоматски материјален и финансиски третман. Се добива во пакет со инсталација и обука за корисниците и може да се користи на еден или повеќе компјутери поврзани во мрежа, со можност за дефинирање на кориснички права за пристап на корисниците до одредени менија.

Може да се интегрира со останатите модули за да се добие Интегриран Информационен Систем.

VERP-NP модулот е скалабилен во однос на големината на фирмата, што значи дека може да го користат мали фирми, но и фирми со сложена хиерархиска и систематизациона структура.

Што содржи пакетот може да погледнете тука Види повеќе