Petar Pop Arsov no.16 7500 Prilep
+389 75 444 010 ; +389 48 403 503
vertexbroadcastsolution@gmail.com

Продажба на горива

Продажба на горива – бензински пумпи


VERP-BP-GORIVA – модул наменет за работа со бензински пумпи, продажба на гориво, материјално и вредносно следење на залихите на горивото, како и на продажбата и набавката на други производи во склоп на една бензинска (потрошни материјали за возила, прехранбени производи, и слично) по продажни цени, целосна контрола на продажбата, следење и преглед на промет по смени и вработени, автоматско ажурирање на лагерот и материјалните картици, со што се намалува можноста од човечки грешки, а се зголемува продуктивноста на вработените што води кон намалување на трошоците, зголемување на профитот и ефикасна и целосна контрола и анализа на работењето.

Модулот ги подржува сите фискални каси и принтери. Има можност за автоматско печатење на сметко-потврди со самото издавање на фискална сметка. При самата продажба дава можност за избор на креирање на испратници и излезни фактури. Внесувањето на приемните листи е лесно и едноставно, како и на излезните фактури, повратниците, промената на цена и отписите.

Продажбата и евиденцијата на производите може да биде по бар-коди. Овозможува креирање на сопствени бар-коди, печатење на лабели со информација за цена, шифра, бар-код и име на производот.

VERP-BP-GORIVA модулот нуди лесно менаџирање на пописи. Секогаш и во секој момент може да се прави попис и истовремено додека се прави пописот да се врши продажба, фискализација, внесување на приеми, повратници и сл., бидејќи модулот при ажурирање на пописот знае да си го среди лагерот и материјалните картици. Накратко, VERP-BP модулот овозможува:

 

  • Автоматско преземање на продажбите од VERTICO или ANDA и намалување на количините на гориво;
  • Промена на цена на горивото;
  • Материјална евиденција на горивото;
  • Продажба на горивото на фактура;
  • Продажба на гориво со испратница и фактурирање по периоди;
  • Дефинирање на смени и лица за работа по смени;
  • Извештаи за дневен промет по лица за работа и по сите типови на документи;
  • Отчитување на лицата за работа;
  • Спецификација на продажба на гориво;
  • Преглед на влез и излез на гориво по период од – до;

Во согласност со законските прописи се креираат и печатат ПЛТ обрасци, ЕТ – Евиденција во трговија, КДФИ – книга на дневни финансиски извештаи и Книга на услуги.4

VERP-BP-GORIVA е поврзан со модулот за финансиско работење и може да се поврзи со модулот за архивирање на излезните документи и печатење на книга на влезни фактури и книга на излезни фактури и се добива во пакет со инсталација и обука за корисниците. Може да се користи на еден или повеќе компјутери поврзани во мрежа, со можност за дефинирање на кориснички права за пристап на корисниците до одредени менија.

Што содржи пакетот може да погледнете тука Види повеќе