Пресметка на плата и HR
VERP-PPIHR – е модул наменет за евиденција на сите основни податоци за вработените и пресметка на бруто и нето плата според законските прописи и концепти за пресметка на плата. Вклучува евиденција на месечни параметри за пресметка на плата, евиденција на поединечни параметри за вработените кои се потребни за пресметка на плата, евиденција на кредити за вработените, како и генерирање на различни извештаи и исплатни листи. Целосно е компатибилен со МПИН клиентскиот софтвер и е достапен во два основи пакети:
- VERP Basic
- VERP Standard
- VERP Advance
- VERP Professional и
- VERP Extra –конфигурации со кои можат да се надополнуваат сите пакети.
Нуди едноставност, флексибилност, точност, прецизност, брзина и заштеда на време при пресметката на плата и опфаќа концепт на:
- пресметка од бруто во нето плата,
- пресметка од нето во бруто плата,
- пресметка на плата по бод, коефициент на бод и коефициент на сложеност,
- пресметка на плата по остварена норма и ефикасност,
- пресметка на плата за инвалидни лица, заштитно друштво, самостојни вршители на дејност,
- пресметка на плата за вработени со скратено работно време,
- пресметка на плата за вработени кои се на боледување со избор по просек од 12 месеци, пресметка на боледување на основ на основната дефинирана нето плата или пресметка на боледување на основ на исплатена нето плата од претходен месец.
VERP-PPIHR модулот, исто така нуди:
- пресметка на минат труд, прекувремена работа, продолжена работа, работа во државен празник, работа во ноќна смена;
- евиденција на саати за годишен одмор, државни празници, платено отсуство, неплатени работни саати;
- евиденција и пресметка на деловна успешност, казни и награди;
- евиденција и пресметка на кредити и рати по кредитори;
- евиденција и пресметка на намалувања и зголемувања на платите по разни основи како алиментации, колективно осигурување и сл;
- креирање на xml документ за ПДД-ГИ, ПДД-ГИ/ОЦО, ПДД-ГИ/ОЗП;
- печатење на исплатни ливчиња и на сите потребни извештаи и рекапитулари за пресметка и исплата на плата.
Модулот се добива во пакет со инсталација и обука за корисниците и може да се користи на еден или повеќе компјутери поврзани во мрежа, со можност за дефинирање на кориснички права за пристап на корисниците до одредени менија.
Може да се интегрира со останатите модули за да се добие Интегриран Информационен Систем.
VERP-PPIHR модулот е скалабилен во однос на големината на фирмата, што значи дека може да го користат мали фирми, но и фирми со сложена хиерархиска и систематизациона структура.
Што содржи пакетот може да погледнете тука Види повеќе