Откуп на млеко
VERP-PM е модул наменет за откуп на млеко со можност за евиденција на контрола за квалитет на млекото, присутност на бактерии, вода, масленост, соматски клетки и СМБ. Модулот овозможува материјална евиденција на откупени количини на млеко по денови, финансиска евиденција по кооперанти, евиденција на исплати спрема кооперанти, процес на производство на млеко и млечни производи по нормативи, дистрибуција на истите до купувачите,задолжување на сопствени продавници и евиденција на сопствена продажба и работа со комерцијалисти и евиденции по комерцијалисти.. Во склоп на овој модул спаѓа:
- Дефинирање на месечни цени за прием на млеко од кооперанти и трошоци за анализа на млекото со кои на месечно ниво ќе се задолжува кооперантот;
- Прием на млеко од кооперанти на дневна основа и автоматско генерирање на влезни документи за физички лица и приемници за правни лица и автоматско книжење во главна книга и задолжување на магацините;
- Месечна Пресметка/задолжување на кооперант по типови на млеко, пресметка на корекција на вода, корекција на квалитет и други видови на задолженија;
- Автоматско креирање на пресметки за млеко за сите кооперанти заедно
- Преглед на месечни пресметки, состојби за кооперант и преглед на вкупно откупени литри по типови на млеко;
- Преглед и печатење на вкупно задолжување од кооперант;
- Печатење на Белешка за откупено млеко;
- Можност за автоматско генерирање на xml за исплата кон кооперантот и исплата на персонален данок;
VERP-PM модулот може да се поврзе со модулот за користење на мобилна апликација за порачки, каде комерцијалистите прават порачки на мобилни уреди кои стигнуваат до главната база на податоци и автоматски за стигнатите порачки се креираат излезни фактури.
VERP-PM модулот може да се интегрира со останатите модули за финансиско- материјално работење, за да се овозможи Интегриран Информационен Систем. Се добива во пакет со инсталација и обука за корисниците и може да се користи на еден или повеќе компјутери поврзани во мрежа, со можност за дефинирање на кориснички права за пристап на корисниците до одредени менија.
Што содржи пакетот може да погледнете тука Види повеќе