Откуп на земјоделски производи и откуп на цврст отпад
VERP-OTKUP е модул наменет за откуп на земјоделски производи и цврст отпад кој овозможува целосна евиденција на сите производители кои донесле производи за откуп, материјална евиденција на откупени количини, финансиска евиденција на откупот и корисни извештаи за откупувачите.
Достапен е во два пакети и тоа:
- VERP-OZP –Откуп на земјоделски производи кој овозможува:
- Креирање и печатење на кантарна белешка за откуп на земјоделски производи, која автоматски финансиски се книжи во главната книга и материјално го задолжува магацинот;
- Дефинирање на сорти и класи на производи;
- Дефинирање на откупни мерки, процент на одбиток на бруто откупената количина или фиксна количина на одбиток;
- Можност за автоматско генерирање на xml за исплата кон кооперантот и исплата на персонален данок;
- Извештаи за преглед на генерирани налози, продадени количини, откупени количини;
- VERP-OCO – Откуп на цврст отпад кој овозможува:
- Креирање и печатење на кантарна белешка за откуп на железо, која автоматски финансиски се книжи во главната книга и материјално го задолжува магацинот;
- Дефинирање на откупни мерки, процент на одбиток на бруто откупената количина или фиксна количина на одбиток,
- Пресметка на персонален данок кој треба да се плати во име на корисникот од кој се направил откупот;
- Можност за автоматско генерирање на xml за исплата кон кооперантот и исплата на персонален данок;
- Извештаи за преглед на генерирани налози, продадени количини, откупени количини;
- Дневник за евиденција – Дневен, периодичен и годишен извештај за откупени и продадени количини;
VERP-OTKUP модулот може да се интегрира со останатите модули за финансиско- материјално работење, за да се овозможи Интегриран Информационен Систем. Се добива во пакет со инсталација и обука за корисниците и може да се користи на еден или повеќе компјутери поврзани во мрежа, со можност за дефинирање на кориснички права за пристап на корисниците до одредени менија.
Што содржи пакетот може да погледнете тука Види повеќе