Норма во конфекции
VERP-NORMA е модул наменет за текстилни фабрики и фирми кои имаат потреба од евиденција на остварена норма на дневна основа и пресметка на остварена норма и ефикасност на дневна основа по вработен и континуирано следење на остварена норма по вработен. Модулот овозможува:
- Внесување на работни операции и нормирање на истите, врз основа на кои може да се пресмета и вкупната ефикасност на остварување на работникот по норма, со можност за дефинирање на работна листа според која може да се направи пресметка на плата на работникот според остварената норма;
- Одредување на дневна норма на операција;
- Секојдневно следење на остварување на нормата по вработен;
- Извештаи за остварена норма на работник;
- Преглед на ефикасноста по работник;
- Месечни остварувања на работниците;
- Остварени операции по модел;
- Извештаи за остварена работа;
Овој модул може да се поврзи со модулот за пресметка на плати, каде платата на работникот може да се пресмета според остварената норма на работната операција на која работи.
VERP-NORMA модулот се добива во пакет со инсталација и обука за корисниците и може да се користи на еден или повеќе компјутери поврзани во мрежа, со можност за дефинирање на кориснички права за пристап на корисниците до одредени менија.
VERP-NORMA модулот е скалабилен во однос на големината на фирмата, што значи дека може да го користат мали фирми, но и фирми со сложена хиерархиска и систематизациона структура.
Што содржи пакетот може да погледнете тука Види повеќе