Petar Pop Arsov no.16 7500 Prilep
+389 75 444 010 ; +389 48 403 503
vertexbroadcastsolution@gmail.com

Мобилна апликација за порачки и продажби – работа со комерцијалисти

Мобилна апликација за порачки и продажби – работа со комерцијалисти


VERP-ORDERS е апликација базирана на андроид оперативен систем. Наменета за фирми со сопствена дистрибуција и ланец на дистрибутери и комерцијалисти на производи. Ја олеснува работа на комерцијалната служба, но и на сметководствената и на операторите кои треба да ги изготвуваат излезните документи. Овозможува On-Line поврзување со базата на податоци, синхронизација со истата и модулите за материјално и финансиско работење. Користењето на VERP-ORDERS значително го намалува времето за креирање и доставување на порачките, реализирањето на истите и креирањето на испратници, фактури и товарни листи по направените порачки. Овозможува брза и сигурна размена на информации и податоци кон и од теренот. Ова води кон намалување на трошоците во фирмата и зголемување на продажбата и ефикасноста на работата на терен, комерцијализација на производите со кои располагате и опслужување на сè поголем број на клиенти. Накратко, модулот овозможува:

        • Поврзување на мобилната апликација со главна база на податоци;
        • Правење на порачки преку мобилна апликација;
        • Дефинирање на комитенти и групи на производи и пребарување по групи на производи;
        • Лесен начин на внесување на количини или пакети;
        • Означување дали комитентот направил порачка, дали е само посетен од комерцијалистот или му се дадени гратис производи;
        • Со самото правење на порачките, истите стигнуваат во компанијата и веднаш може автоматски да се преземат и одма автоматски да се генерираат фактури или пак оператор да креира фактури и да променува количини и производи и други услови за продажба во согласност со договорот со комитентот;
        • Апликацијата подржува преземање на продажни цени од ценовници дефинирани за комитенти и креирање на фактури по истите;
        • Апликацијата поддржува и евиденција и задолжување – раздолжување на дадена – вратена амбалажа;
        • Апликација исто така овозможува и креирање на збирен товарен лист за сите генерирани фактури во денот;
        • Генерирање, преглед и печатење на Извештаи за реализација – по денови, недели, по комерцијалисти;

VERP-ORDERS модулот се добива во пакет со инсталација и обука за корисниците и може да се користи на еден или повеќе мобилни уреди, со можност за дефинирање на кориснички права за пристап на корисниците до одредени менија.

Може да се интегрира со останатите модули за да се добие Интегриран Информационен Систем.

VERP-ORDERS модулот е скалабилен во однос на големината на фирмата, што значи дека може да го користат мали фирми, но и фирми со сложена хиерархиска и систематизациона структура.