Petar Pop Arsov no.16 7500 Prilep
+389 75 444 010 ; +389 48 403 503
vertexbroadcastsolution@gmail.com

магацинско работење мк

Магацинско и материјално работење


VERP-MMR e модул наменет за комерцијално следење на состојбата на магацините и тоа и количински и вредносно. Неговата имплементација води кон зголемување на продуктивноста на вработените бидејќи го скратува времето кое е потребно за внесување на сите типови на влезни и излезни документи, бидејќи истите со самото внесување во системот се третираат и материјално и финансиски во соодветни финансиски налози. Достапен  е во три основни пакети:

  • VERP Basic
  • VERP Standard
  • VERP Advance
  • VERP Professional и
  • VERP Extra –конфигурации со кои можат да се надополнуваат сите пакети.

VERP-MMR модулот опфаќа евидентирање и следење на повеќе сегменти истовремено и тоа почнувајќи од набавка (домашна и царинска), магационирање, продажба (домашна и извозна), па се до испорака на производите и услугите на крајниот клиент и реализација и евиденција на вредноста и вишокот на вредноста која се врши со посредство на трговијата во процесот на купопродажба на стоките и услугите, како и спроведување на потребните трансакции во деловните книги, попис и усогласување на сметководствената со фактичката состојба на залихите.

VERP-MMR, нуди брзо, лесно и едноставно внесување на влезни документи и креирање на излезни документи со можност за користење на еден или повеќе ценовници, нивна поврзаност со уплатите и преглед на долг од купувачот при самото генерирање на излезните документи. Во зависност од типот на документот, дали е влезна фактура, приемница, испратница, излезна фактура итн. се прави подесување кој тип документ во кој финансиски налог автоматски треба да се книжи. Тоа значи дека само со едно внесување на документот, магацинот автоматски се задолжува или раздолжува, и истиот документ автоматски се книжи во финансиски налог на конта кои претходно ќе бидат подесени. Со самото вакво внесување на документите се овозможува следење на набавките, калкулација на магацинска цена, следење на излезот, креирање на материјална картица и лагер листа, како и спецификација за влез и излез и други потребни извештаи.

VERP-MMR овозможува дефинирање на нумерации, прием и продажба на производи по нумерации наменет за производи кои треба да се евидентираат по бренд, тип, големини и цели серии.

VERP-MMR модулот може да се поврзи со VERP-MA – мобилна апликација наменета за комерцијалисти за On-Line порачки, за кои автоматски со самото пристигнување на истите се креираат излезни документи.

VERP-MMR модулот е поврзан со модулот за финансиско работење и модулот за производство и може да се поврзи со останатите модули со цел да се обезбеди Интегриран Информационен систем и се добива во пакет со инсталација и обука за корисниците. Може да се користи на еден или повеќе компјутери поврзани во мрежа, со можност за дефинирање на кориснички права за пристап на корисниците до одредени менија.

VERP-MMR модулот е скалабилен во однос на големината на фирмата, што значи дека може да го користат мали фирми, но и фирми со сложена хиерархиска и систематизациона структура.

Што содржи пакетот може да погледнете тука Види повеќе