Petar Pop Arsov no.16 7500 Prilep
+389 75 444 010 ; +389 48 403 503
vertexbroadcastsolution@gmail.com

Кабелски оператори – кабелски дистрибутивен систем

Кабелски оператори – кабелски дистрибутивен систем


VERP-KDS модулот е наменет за кабелски оператори со цел да ги олесни процедурите за фактурирање, генерирање и наплата на сметки. Овој модел се состои од неколку основни компоненти и тоа:

  1. Ажурирање на основни податоци кои се внесуваат еднаш и се користат како такви се додека не се јави потреба од нивна промена и се потребни за генерирањето на сметките, а се однесуваат на:
    •  
        • Корисници – се дефинираат физички и правни лица,
        • Евидентирање и дефинирање на услуги (телевизија, телефонија, интернет) и цени за истите,
        • Евидентирање и дефинирање на пакет на услуги и поврзување на услугите во пакет,
        • Евидентирање и дефинирање на при-пејд пакети,
        • Евидентирање на наплатни места,
        • Евидентирање на реони,
        • Дефинирање на конта за книжење за секој тип на услуга: телевизија, телефонија, интернет и сл.
        • Евидентирање и дефинирање на приклучок кон кабелскиот оператор и статуси на приклучокот (активен, неактивен, во мирување, исклучен и сл.).
        • Внесување и печатење на договори, времетраење на договори, реверси на вратена опрема, барање за раскин на договор и сл.
  1. Менаџирање со сметки– дел што опфаќа:
    •  
        • Генерирање на сметки по месеци, со можност за избор: сите сметки или сметки за избран реон. Генерирање на сметки значи автоматско финансиско задолжување на корисникот, како и автоматско книжење на сметките во финансиски налог на конта кои претходно се дефинирани за секоја услуга посебно. Ваквото задолжување на корисникот, може автоматски да се раздолжи преку наплата за која е издадена фискална сметка, каде по автоматизам се раздолжува корисникот, а се задолжува касата на конто кое е претходно дефинирано. По автоматизам е можно и раздолжување на корисникот со автоматско раскнижување на банков електронски извод,
        • Печатење на сметки – печатење на генерирани сметки за месец по реони, по улици и можност за печатење на дел од сметките и прескокнување на веќе печатени сметки. Секоја печатена сметка има број кој е прикажан и како бар-код. На печатената сметка се прикажува и заостанатиот долг како и камата за неплатениот долг. Изгледот и содржината на печатената сметка се дефинира според барањето на кабелскиот оператор;
        • Наплата на сметки – наменет за наплатни центри каде се врши наплата на сметките со можност за издавање на фискална сметка;
        • Сторнирање на наплата на сметка;
        • Корекција на сметка;
        • Преглед на ненаплатени сметки за даден период – период кој кабелскиот оператор сам го дефинира со цел да се запази сметките да не добијат статус на застарени сметки;
        • Припрема на печатење на опомени пред тужба за ненаплатени сметки –– поради проблемот на наплата со која се соочуваат кабелските оператори и запазување на рокот да сметката не добие статус на застарена сметка, а со цел да може да се направи наплата, овозможено е да можат да се пребаруваат неплатени сметки и за нив да се генерираат и печатат опомени пред тужба;
        • Пресметка на камата за заостанат долг,
        • Отпис на камата по сметки по основ на пресуда или одлука,
        • Отпис на долг од сметки по основ на пресуда или одлука,
        • Преглед на ненаплатени сметки за даден период,
        • Автоматско книжење на фискалните уплати во главната книга;
        • Автоматско затворање на долг со примена на електронските изводи и нивно книжење во главната книга;
  1. Аналитички извештаи – извештаи потребни за менаџментот и корисниците
    •  
        • Извештај на сторнирани сметки за даден период;
        • Извештај за фискални уплати;
        • Извештај за статуси на приклучокот за даден период по различни критериуми;
        • Картица за комитент;
        • Извештај за сметки по корисници и преглед на уплати и заостанат долг;
        • Извештај за генерирани работни налози за даден период по повеќе критериуми;
        • Извештај за опоменати сметки;
        • Извештај за наплата по месеци по различни критериуми;
  1. Магацинска евиденција– материјална евиденција на вработените за земена опрема која се вградува кај корисниците, како и
    •  
        • Креирање на работни налози за извршени демонтажи и сервиси за пријавени дефекти;
        • Евиденција на материјали и опрема која ја подигнале вработените од магацин за работа на терен при монтажа на нов приклучок и отстранување на дефект;
        • Повратница за земени материјали и опрема од магацин кој останал или не се искористил при монтажата на приклучокот или отстранување на дефектот;

VERP-KDS модулот може да се интегрира со останатите модули за финансиско- материјално работење, за да се овозможи Интегриран Информационен Систем. Се добива во пакет со инсталација и обука за корисниците и може да се користи на еден или повеќе компјутери поврзани во мрежа, со можност за дефинирање на кориснички права за пристап на корисниците до одредени менија.