Благајничко работење
VERP-BR е модул наменет за сите фирми кои имаат потреба од благајничко работење, креирање на благајнички дневник, каса прими и каса исплати. Модулот нуди автоматско креирање и евиденција на каса прими и каса исплати, креирање на неограничен број на благајни, како и:
- Креирање и печатење на благајнички дневник со автоматски пренос на салдо при затворање и пренос на салда за документи кои имаат поголем датум од датумот на затворање;
- Автоматско книжење во главна книга;
- Пренос на средства од една во друга благајна;
- Креирање на каса исплати и каса прими за вработени, фирми, сопствени продавници и сл.;
- Внесување на касов минимум и касов максимум;
- Можност за креирање на повеќедневни благајнички дневници;
- Можност за работа со повеќе благајни – денарски, девизни;
- Се овозможува кориснички подесувања на конта за автоматско книжење во главната книга и контролите при внесување на податоци;
- Преглед на книжења во главната книга;
VERP-BR е поврзан со модулот за финансиско работење и се добива во пакет со инсталација и обука за корисниците. Може да се користи на еден или повеќе компјутери поврзани во мрежа, со можност за дефинирање на кориснички права за пристап на корисниците до одредени менија.
VERP-BR модулот е скалабилен во однос на големината на фирмата, што значи дека може да го користат мали фирми, но и фирми со сложена хиерархиска и систематизациона структура.
Што содржи пакетот може да погледнете тука Види повеќе