Ревизорски извештаи
VERP-RI е модул наменет за генерирање на извештаи потребни за ревизорските куќи кои вршат независно испитување на финансиските извештаи и на финансиските информации, со цел да се изрази мислење во врска со нивната вистинитост и непристрасност и нивната усогласеност со прифатената рамка за финансиско известување и општоприфатените сметководствени стандарди. Ревизијата на финансиските извештаи претставува една од фундаменталните обврски на деловните субјекти се со цел да се создаде слика дека компанијата работи правилно и транспарентно. Во склоп на овој модул спаѓа:
- Печатење и експорт во Excel на главна книга;
- Печатење и експорт во Excel на отворените ставки и побарувања;
- Печатење и експорт во Excel на шифрарникот на комитенти;
- Печатење и експорт во Excel на Бруто биланс;
- Печатење и експорт во Excel на движењето на залихите;
- Печатење и експорт во Excel на состојбата на сите основните средства;
VERP-RI се добива во пакет со инсталација и обука за корисниците и може да се користи на еден или повеќе компјутери поврзани во мрежа, со можност за дефинирање на кориснички права за пристап на корисниците до одредени мениа.