Petar Pop Arsov no.16 7500 Prilep
+389 75 444 010 ; +389 48 403 503
vertexbroadcastsolution@gmail.com

Технички преглед

Технички преглед


VERP-TP модул за Технички преглед и регистрација на возила, нуди комплетно решение за сите станици за технички преглед кои сакаат целосна интеграција на своите процесите и ги опфаќа сите функции за нормална работа на една станица за технички преглед. Користи ажурни ценовници и шифрарници кои се однесуваат на сите давачки за техничкиот преглед и регистрацијата на возилата. Нуди можност за дефинирање на услуги и пакет на услуги и нивно поврзува при изработка на обрасците со што се олеснува работата на вработените и се зголемува нивната продуктивност, како и помошен информативен калкулатор за пресметка на давачките при технички преглед, осигурување и регистрација на возилото.

 VERP-TP модулот овозможува:

 

        • Креирање и печатење на сите Обрасци пропишани од МВР (образец за пријава/одјава, регистрација на возила, промена на сопственост);
        • Изработка на полномошно и Меѓународна возачка дозвола;
        • Автоматско пополнување и печатење на Дневник пропишан од МВР за издадени полномошни и меѓународни дозволи;
        • Можност за синхронизација со софтверот до Министерство за Транспорт и врски (МТЦ);
        • Изработка на барања за потврди (Атест за плин, хомологација идентификација, лиценци за такси возила … );
        • Можност за распределување на услугите по општини;
        • Извештај за наплатен износ по вид на возило за секој тип на услуга:

– Технички преглед на возило
– Надоместок на јавни патишта
– Надоместок за комунална такса
– Надоместок за екологија
– Совет за безбедност и сообраќај
– Црвен крст
– Буџет на РМ
– Kомплетирање на документација

 

        • Извештај за наплатен износ по вид на возило;
        • Детален преглед од датум до датум на сите предмети по начини на плаќање.
        • Автоматско книжење во позадина на сите документи кои се прават преку овој модул, и тоа фискално, вирмански, фактурно и одложено плаќање на рати со склучен договор со фирма за нејзините вработените;
        • Калкулатор – информативен преглед за износот на регистрацијата на возилото;
        • Дефинирање на услуги и пакет на услуги и нивно поврзување со корисникот кој го извршува техничкиот преглед;
        • Автоматско книжење на излезните документи во главната книга;
        • Автоматско книжење на уплатите во главната книга и затворање на долгот на комитентот;

VERP-TP модулот може да се интегрира со модулот за финансиско за да се овозможи Интегриран Информационен Систем. Се добива во пакет со инсталација и обука за корисниците и може да се користи на еден или повеќе компјутери поврзани во мрежа, со можност за дефинирање на кориснички права за пристап на корисниците до одредени менија.

Што содржи пакетот може да погледнете тука Види повеќе