Petar Pop Arsov no.16 7500 Prilep
+389 75 444 010 ; +389 48 403 503
vertexbroadcastsolution@gmail.com

Основни средства

Основни средства


VERP-OS е модул наменет за количинско и вредносно следење на основните средства. Вклучува евиденција на основни средства нивно распоредување по работни единици, сектори, потсектори, одделенија и сл. пресметка на амортизација по месеци, ревалоризација, трансфер на амортизација и автоматско книжење во финансиски налог по месеци и автоматско префрлање на состојбата во од една во друга деловна година.

Основица за пресметување на амортизацијата се зема набавната вредност, односно ревалоризационата вредност на основните средства утврдена во согласност со прописите.

Основицата за пресметување на амортизација може да се коригира во однос на последователни издатоци во согласност со сметководствените стандарди со кои се подобрува состојбата на средството, односно може да се коригира во однос на вложувањата поради реконструкција, адаптација или други вложувања со кои се зголемува корисниот век на употреба, капацитетот, функционалната поврзаност на основното средство и слично.

Промените на вредноста која претставува основица за пресметување на амортизација на основното средство се земаат во предвид за натамошно пресметување на амортизацијата од првиот ден на наредниот месец, односно од првиот ден на наредната година откако настанале, односно откако се утврдени.

Амортизацијата се пресметува поединечно за секое основно средство во рамките на дефинираните амортизациони групи и амортизациони стапки. Кога износот на набавната вредност на средствата е еднаков со отпишаната вредност, престанува натамошното пресметување на амортизацијата, иако основните средства потоа се користат за вршење на дејноста и таквите основните средства кои во целост се отпишани се задржуваат во евиденцијата на основни средства. За секое основно средство се печати картица, може да се издава реверс на основни средства кон вработени и клиенти, како и да се печати список на сите основни средства, потребни извештаи и обрасци.

VERP-OS модулот се добива во пакет со инсталација и обука за корисниците и може да се користи на еден или повеќе компјутери поврзани во мрежа, со можност за дефинирање на кориснички права за пристап на корисниците до одредени менија.

Може да се интегрира со останатите модули за да се добие Интегриран Информационен Систем.

VERP-OS модулот е скалабилен во однос на големината на фирмата, што значи дека може да го користат мали фирми, но и фирми со сложена хиерархиска и систематизациона структура.

Што содржи пакетот може да погледнете тука Види повеќе