Малопродажба и фискализација
VERP-MIF е модул чие користење е едноставно, брзо и лесно и е достапен во три основи пакети:
- VERP Basic
- VERP Standard
- VERP Advance
- VERP Professional и
- VERP Extra –конфигурации со кои можат да се надополнуваат сите пакети.
Наменет за користење во сите видови на продавници, дисконти, колонијали, ресторани, сендвичари, бутици, трафики, киосци, трговски центри, ланец на продавници, книжари, сервиси на Авто делови, земјоделски аптеки, слаткарници, фризерски салони, цвеќари, фото – студија, карго услуги, месарници, ресторани, фотокопирници и сл.
VERP-MIF модулот овозможува количинско и вредносно следење на залихата по продажни места и по продажни цени, целосна контрола на продажбата, предвидување на набавките, следење на минимални и максимални залихи, автоматско ажурирање на лагерот и материјалните картици, со што се намалува можноста од човечки грешки, а се зголемува продуктивноста на вработените што води кон намалување на трошоците, зголемување на профитот и ефикасна и целосна контрола и анализа на работењето.
Со користење на VERP-MIF се овозможува следење и преглед на промет по смени и по вработени, овозможува продажба со ваучери, давање на попости и рабати, креирање на продажни акции – намалувања и попусти со дефиниран рабат на сите производи и автоматско креирање и печатење на промена на цена. Исто така овозможува преглед на топ продавани и топ непродавани производи за избран временски период по различни филтри и критериуми на пребарување.
Модулот ги подржува сите фискални каси и принтери. Има можност за автоматско печатење на сметко-потврди со самото издавање на фискална сметка. При самата продажба дава можност за избор на креирање на испратници и излезни фактури. Исто така овозможува и директна продажба од магацин, каде во еден чекор се креира испратница од продавница во магацин, прием во продавница и печатење на фискална сметка и нивно евидентирање ва трговската книга. Внесувањето на приемните листи е лесно и едноставно, како и на излезните фактури, повратниците, промената на цена и отписите.
Продажбата и евиденцијата на производите може да биде по бар-коди. Овозможува креирање на сопствени бар-коди, печатење на лабели со информација за цена, шифра, бар-код и име на производот и е компатибилен со сите типови на електронски каси кои сами печатат бар-коди во кои е сместена информација за производот кој се продава и количината која се продава, со што се овозможува автоматско одмалување на измерената количина преку бар-код читачот.
VERP-MIF модулот нуди лесно менаџирање на пописи. Секогаш и во секој момент може да се прави попис и истовремено додека се прави пописот да се врши продажба, фискализација, внесување на приеми, повратници и сл., бидејќи модулот при ажурирање на пописот знае да си го среди лагерот и материјалните картици.
Во склоп на модулот за малопродажба и фискализација спаѓа и делот Технологија во малопродажба со која се овозможува креирање на работни налози, креирање на нормативи, продажба на производи и услуги по работни налози. Овој дел наоѓа примена во цвеќари, фото студија, фризерски салони, сервиси на Авто делови, месарници, ресторани, кафетерии, фотокопирници и сите видови на продажни места кои имаат потреба од дефинирање и продажба по работни налози.
Како дел од малопродажбата спаѓа и прием и продажба на производи по нумерации наменет за производи кои треба да се евидентираат по бренд, тип, големини и цели серии.
VERP-MIF модулот може да се поврзи со апликација за ПДА уреди со кои може да се прави попис и приемници.
Во согласност со законските прописи се креираат и печатат ПЛТ обрасци, ЕТ – Евиденција во трговија, КДФИ – книга на дневни финансиски извештаи и Книга на услуги. Богат е со голем избор на прегледи и извештаи потребни за вработените, книговодствената служба и менаџерите.
VERP-MIF е поврзан со модулот за финансиско работење и може да се поврзи со модулот за архивирање на излезните документи и печатење на книга на влезни фактури и книга на излезни фактури и се добива во пакет со инсталација и обука за корисниците. Може да се користи на еден или повеќе компјутери поврзани во мрежа, со можност за дефинирање на кориснички права за пристап на корисниците до одредени менија.
VERP-MIF модулот е скалабилен во однос на големината на фирмата, што значи дека може да го користат мали фирми, но и фирми со сложена хиерархиска и систематизациона структура.
Што содржи пакетот може да погледнете тука Види повеќе