СМС Сервис

VERP-SMS SENDER е мобилна апликација за масовно, групно генерирање на СМС пораки кој овозможува испраќање на СМС пораки на одбрана група на клиенти за новитети, акции, промоции, како и испраќање на СМС пораки за информирање на сите комитенти со информации кои се добиваат од главната база на податоци (доспеани фактури, финансиска состојба – салда, и сл.)

Мобилната апликација VERP-SMS SENDER е апликација која ви овозможува испраќање на СМС пораки кон неограничен број на контакти.

За да одлучите на кого ќе испратите СМС порака се користи WEB страна на која ги внесувате телефонските броеви до кои треба да стигне СМС пораката. Вие бирате на колкава бројка на клиенти ќе пуштите одредена СМС порака чија што содржина сами ја креирате. Со помош на WEB страната ќе можете брзо и едноставно да ја конфигурирате вашата СМС порака.

Мобилната апликација VERP-SMS SENDER има можност да се интегрира со VERP – Vertex ERP во модулот VERP-MIF  –Сервис во малопродажба, преку кого ќе можете да праќате СМС пораки кон вашите комитенти.

Оваа апликација можат да ја користат сите оние кои сакаат да го развијат својот mobile маркетинг. Може да се користи за известување, реклама, оглас и сл.

Апликацијата работи на android оперативен систем.

Дневниот лимит на бројот на СМС пораки кои можете да ги испратите зависи од вашиот мобилен оператор.

Софтвер за СМС – нотификации:

– Рок за плаќање
– Испраќање на маркетинг пораки
– Сопствен сервер или користење на VERP SMS сервис…