Рецепција

  • евиденција, преглед, печатење потврда за резервации,
  • евиденција на гости,
  • евиденција на мини бар и други услуги
  • печати сметка на фискален печатач, хотелска сметка, фактура.

Ја олеснува работата на рецепционерот, но и на сметководствената служба.
Програмот користи SQL база на податоци со која се гарантира сигурност на податоците (под условите и упатствата на користење).

Со овој програм е можна евиденција на сместувачките капацитети со само едно ажурирање при прием на гостите и уште едно при нивното заминување.
Откако во базата еднаш се внесат податоци за собите, програмот овозможува нивен преглед по исполнетост, резервираност или по описот кој е внесен за нив. Ажурирање/промена на податоците за собите е секогаш можна.

Гостите се во фокусот на интерес на овој програм. Внесувањето на податоци за гостите во базата се прави „еднаш за секогаш“.

При нивното повторно гостување доволно е да се внеси само бројот на нивната лична карта/пасош или нивното име да се одбери од листата на сите што некогаш биле гости и податоците за нив програмот веќе ги има во резервацијата, пријавата или фактурата.

Сите услуги што хотелот/мотелот ги нуди, како

  • различни аранжмани на сместување,
  • користење на мини бар,
  • ресторан,
  • услуги од трети фирми за кои хотелот посредувал (такси, пицерии, цвеќари итн.)

можат да се нудат од рецепција веднаш по внесувањеѕо во базата на податоци. Нивниот список не е конечен и може да се ажурира во секој момент.

Генерирањето на фактури е едноставно и лесно. Се прави со само неколку потези со тастатурата.
Секоја фактура останува засекогаш запишана во базата на податоци и можно е нејзино повторно печатење ако за тоа се појави потреба.
При наплата секоја фактура може да се фискализира (да се отпечати фискална сметка), а при евентуална грешка истата да се сторнира.

Гостите се изненадени од брзината и точноста на пријавување/одјавување, а веднаш добиваат и фактура адресирана до нивната фирма.