ШТО Е Vertex ERP?

Vertex ERP е софтвер наменет за следење на целокупното работење на фирмите, кој со својата модуларна организација овозможува навремена информираност, точност, прецизност и едноставност во работењето.

Vertex ERP покрај другото, се одликува и со лесна прилагодливост на новите потреби.

Vertex ERP е скалабилен во однос на големината на фирмата, што значи дека може да го користат мали фирми, но и фирми со сложена хиерархиска и систематизациона структура. Имплементиран е во повеќе од 280 компании, со инсталирани над 400 лиценци, на кои се води книговодство на повеќе од 4000 фирми.

ЗОШТО Vertex ERP?

    • Затоа што нашите софтверски решенија се точни и прецизни;
    • Затоа што со користењето на нашиот софтвер се зголемува продуктивноста на вработените, се зголемува ефективноста и ефикасноста, а тоа придонесува до намалување на трошоците на корисникот;
    • Затоа што нудиме решенија кои се едноставни и лесни за користење од страна на корисниците;
    • Затоа што имаме големо искуство во анализирање на бизнис процесите во фирмите и изработка на решенија според потребите на фирмите;
    • Затоа што имаме големо искуство во имплементација на голем број на софтверски решенија во фирми од различни сектори со различни дејности низ цела држава;
    • Затоа што нудиме секакви консултации, поддршка и одржување со backup-ирање на податоците;
    • Затоа што ги прифаќаме советите, идеите и забелешките од корисниците за  надградување и усовршување на софтверот;
    • Затоа што ги следиме и имплементираме законските измени;
    • Затоа што располагаме со одговорен тим кој прецизно, точно, ефективно и ефикасно си ја извршува својата работа;
    • Затоа што многу податоци кои се подразбирливи и најчесто користени нема потреба од нивно повторно внесување. Софтверот ги предлага, а корисникот само потврдува. Олеснета е работата на операторите, но и на сметководствената служба.
    • Затоа што програмот користи SQL база на податоци со која се гарантира сигурност на податоците (под условите и упатствата на користење).
    • Затоа што оваа база на податоци е можно да биде заедничка за повеќе работни места, односно за повеќе лица кои независно, на посебни компјутери поврзани во мрежа, ја користат програмата VERP – Vertex ERP.
    • Затоа што внесените податоци засекогаш се запишани во базата на податоци. Креираните документи исто така засекогаш се запишани во базата на податоци и можно е нивно повторно печатење ако за тоа се појави потреба.

 

За што е намент Vertex ERP?

 

Vertex ERP Пакети

 

Кој може да го користи Vertex ERP?

    • Фирми од сите дејности – сите трговски друштва
    • Фирми со повеќе филијали на различни локации (работа преку интернет)
    • Книговодствени бироа
    • Консалтинг друштва
    • Магацини
    • Производствени претпријатија
    • Конфекции
    • Градежни фирми
    • Ланец на маркети
    • Продавници
    • Бензински пумпи
    • Амбулантна продажба и теренска наплата
    • Бутици
    • Кафетерии
    • Ресторани
    • Фирми за кетеринг услуги
    • Киосци
    • Откупни центри на земјоделски производи
    • Откупни центри на цврст отпад
    • Ветеринарни клиники
    • Млекари
    • Вулканизери и сервиси на моторни возила
    • Фотокопири
    • Печатници
    • Цвеќари
    • Фото студија
    • Месарници
    • Фризерски студија
    • Студија за маникир и педикир
    • Комунални претпријатија
    • Кабелски оператори
    • Авто школи
    • Авто сервиси
    • Станици за технички преглед
    • Куќен совет

Што е потребно за да работи VERP-Vertex ERP?

  • Компјутер со процесор минимум Core 2 Duo, препорачано i3
  • RAM меморија минимум 2GB, препорачано 4GB
  • Оперативен систем: Windows 7, или понов
  • SQL Server EXPRESS
  • .NET Framework 2.0sp1 (за Windows 7 или понов OS – .NET Framework 3.5.1)

* За работа преку интернет потребно е SQL сервер-от да може „да се гледа“ од интернет, односно рутерот да биде соодветно конфигуриран.